Касемиро летоска ќе го напушти Олд Трафорд, а како совет пред заминување, смета дека Манчестер јунајтед треба да го ангажира Бруно Гимараеш како негов наследник.
„Ѓаволите“ решија да не ја продолжат соработката со Касемиро, па Бразилецот по крајот на сезоната беспари ќе си замине од Олд Трафорд.
Манчестер јунајтед има неколку имиња на ум за засилување на средниот ред, а Касемиро советува да биде ангажиран Бразилец како негов наследник.
Тој верува дека Бруно Гимараеш од Њукасл има се што треба за да блеска во дресот на „ѓаволите“ и смета дека неговиот сонародник ќе биде одлично засилување.
За реконструкцијата на средниот ред, во бележникот на Манчестер јунајтед има фудбалери како Сандро Тонали од Њукасл, Адам Вортон од Кристал Палас, Елиот Андерсон од Нотингем Форест, Карлос Балеба од Брајтон и Жоао Гомеш од Вулверхемптон.