Како што пренесува Телеграф, Манчестер јунајтед го пикирал Сандро Тонали како замена за Касемиро, цената на Италијанецот е поставена на 100 милиони фунти.
Името на Сандро Тонали во последно време се почесто е дел од трансфер шпекулациите.
Во завршните денови од зимскиот преоден рок, Италијанецот се поврзуваше со трансфер во Арсенал како замена за повредениот Микел Мерино.
Фудбалерот од средниот ред потоа беше поврзан со Манчестер Сити, ваквите гласини ги подгреа разговорот помеѓу Пеп Гвардиола и Сандро Тонало по крајот на полуфиналето во Лига Купот.
Последните информации пак велат дека и Манчестер јунајтед го пикирал Сандро Тонали.
„Ѓаволите“ летоска ќе прават реконструкција на средината од теренот, па Италијанецот е помеѓу главните кандидати за замена на Касемиро, кој ќе го напушти клубот по крајот на сезоната.
Но една ваква зделка воопшто нема да биде лесна, не само што конкуренцијата за потписот на Сандро Тоналди ќе биде огромна, Њукасл нема намера лесно да се откаже од својот фудбалер и за да седне на преговори бара најмалку 100 милиони фунти.