„Касапот“ од Монако јавно му се извини на Донарума!

by 24 фудбал
1 минути читање

Вилфред Синго беше многу невнимателен и на мечот меѓу Монако и ПСЖ (2-4) во Лига 1 му предизвика тешка повреда на Џанлуиџи Донарума.

Италијанскиот голман доби копачка в лице од Синго. Донарума има ресекотини по лицето и се очекува да биде дополнително прегледан за да се знае колку сериозни и длабоки се раните.

Синго реши да се извини јавно до италијанскиот голман и кажа:

Сакам искрено да му се извинам на Џанлуиџи Донарума. Мојот потег не беше намерен, ама потоа видов дека доби сериозна повреда. Ти поскаувам брзо заздравување“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани