Касано воодушевен од Барса: Да не беше црвениот на Шчесни, ќе победеа со 10-1!

by bojan
1 минути читање
Барселона

Антонио Коасано смета дека Реал Мадрид ќе изгубел со 10-1 во финалето на Суперкупот на Шпанија доколку не бил црвениот картон на Војчех Шчесни.

Антонио Касано, кој го носеше дресот на „кралевите“ од 2006 до 2007, даде свое видување за пресметката помеѓу Барселона и Реал Мадрид во финалето на Суперкупот.

„Да не беше црвениот картон на Шчесни, Барса ќе победеше со 10-1. Повторувам, со 10-1. Немаше да биде 10-2, бидејќи вториот гол Реал Мадрид го постигна од прекинот по црвениот картон“ – вели Италијанцот.

„Она што ме излудува кај Барселона е нивниот стил. За нив, победа значи луѓето да уживаат во играта. Сакаат да ја имаат топката, да напаѓаат… ниту еден друг тим во светот не го прави тоа како нив“.

Тој потоа додаде: „Можеби ќе се жртвував повеќе за Барселона… но најважниот клуб во историјата, Реал Мадрид ми се јави, имав можност да бидам дел од „галактико“ тимот, па не жалам за ништо“.

„Во тоа време, Барселона го имаше Роналдињо на таа позиција и никогаш не ме побарале. Но ако ме побараа, од денеше аспект и тоа што сега го знам, сигурно ќе се трудев многу повеќе за да успеам таму“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани