Антонио Касано
смета дека веќе подолг период се чека на некој позначаен успех на Маурицио Сари
на клупата на Јувентус, односно тој тим да блесне во сиот свој сјај со оглед на
квалитетот кој го поседува во сопствените редови, тој додава и дека Лео Бонучи не
може да му помогне на Матијс де Лихт.
„Бјанконерите“
загубија на гостувањето кај Лацио во Рим во саботата, а Касано вели дека во
Јувентус не треба многу ча чекаат на нешто посебно од нивниот нов тренер за да
се пронајде себе си во тој клуб.
„Сите велат дека
треба да бидеме трпеливи со Сари, но, ние чекаме веќе четири месеци“ рече
Касано за „Тики Така“.
„Наскоро кога ќе
се соочат со тим силен како Лацио, ќе загубат“ додава поранешниот италијански
фудбалер.
Поразот во Рим
беше прв за „Старата дама“ сезонава во „Серија А“, а Касано тврди дека
повредата на Џорџо Кјелини оставила голем проблем во дефанзивната линија на
Јувентус.
„Кјелини
недостасува, премногу, тој е лидер на тимот на теренот, но и вон него, Џорџо
има голем карактер во себе, тој би му помогнал на Де Лихт, штета за Де Лихт,
тој е очаен, а Бонучи нема капацитет да му помогне“ заклучи Касано.