836
Поранешниот италијански фудбалер, Антонио Касано го критикуваше Бразилецот, Рафаел Леао, но доби одговор и од Португалецот.
По финалето во Суперкупот на Италија во кој Милан со пресврт славеше над Интер, Касано изјави дека Леао не е доволно добар за да игра за седумкратниот шампион на Европа.
„Леао не знае да игра тимски и Консеисао набрзо ќе сфати дека е фолирант и нула од игра“, изјави Касано во гостувањето на еден подкаст.
Португалецот против Интер влезе во 50. минута и беше асистент при победничкиот гол на Тами Абрахам во самата завршница. Не му остана ниту тој должен, па преку социјалните мрежи на Касано му порача дека е кловн.