Касано пак во свој стил: Милан е во хаос, трката за скудетото е веќе решена!

by 24 фудбал
1 минути читање

Поранешниот италијански репрезентативец Антонио Касан без двоумење ја прогласи трката за титулата во Серија А за решена. По ремито 1-1 меѓу Милан и Комо, Касано смета дека Интер веќе ја има круната во раце.

Во своето излагање тој жестоко го критикуваше својот поранешен клуб Милан, потенцирајќи дека ваквото издание е недозволиво за тим со таква традиција и амбиции.

Комо пружи квалитетна игра против Милан. Како и обично, Милан е во хаос, и не може да направи ништо во врска со тоа. Не можам да верувам дека тим како Милан може да игра вака. Сега Интер има седум бодови повеќе, и ќе биде многу тешко да се стигнат. Мислам дека е се готово. Повторно ќе кажам дека треба да се внимава на Милан, но тимот има три или четири тешки гостувања, вклучувајќи го и градското дерби“, изјави Касано.

Трката формално не е завршена, но според Касано, шампионот веќе е познат бидејќи според него седум бода предност се премногу.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×