Антонио Касано
упати индиректна порака до Џејмс Палота да се повлече од позицијата претседател
на Рома, а со тоа да го ослободи патот на Франческо Тоти до таа позиција,
наведувајќи дека легендата на клубот е вистинското лице на Римската волчица.
Изминатиов период
Тоти на големо се поврзуваше со позицијата технички директор на Рома, но Касано
верува дека тој е вистинскиот за позицијата претседател на римскиот клуб.
„Би сакал да го
видам Тоти како претседател на Рома, тој го претставува овој клуб, паметен е, а
воедно и особа која знае да направи баланс“ рече Касано.
„Поддржан од
некои кои би го советувале околу фудбалерите, тој би можел да има одлична
кариера“ додаде тој.
„Рома е Тоти, а
не Палота или Балдини во Лондон. Де Роси е повеќе од тренер, Тоти кажува само
два збора на ден“ заклучи поранешниот фудбалер на Рома алудирајќи на тоа дека
раководството на клубот не посветува доволно внимание за зголемување на клупските
амбиции.