109
Контроверзниот Касано со неговите променливи одлуки повторно е тема во Италија. Пред 15 дена потпиша за Верона, минатата недела реши да се пензионира, па се предомисли, па сега одлучи да замине од клубот.
„Немам намера да се пензионирам, само нема да продолжам во Верона. Физички сум многу добар, имав 15 дена подготовки, но ментално не сум стимулиран да продолжам во овој клуб“ – вели Касано.
„Од се срце му благодарам на претседателот Сети, спортскиот директор Фуско, тренерот Пекиа и составот кој ме прифати“.
Се верува дека Касано има проблем со носталгија кон фамилијата и веројатно ќе се пресели во Џенова каде што ќе биде со неговата сопруга и децата.