Карваљо влезе во 90. минута и му „скина“ два бода на Челси! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Челси одигра само 2-2 на гостувањето кај Брентфорд, сините беа блиску до победа, но домаќините освоија бод благодарение на гол во 93. минута.

Брентфорд имаше водство по првото полувреме благодарение на гол на Шаде.

Во вториот дел Палмер пет минути откако влезе постигна гол за израмнување на 1-1, а во 85. минута Каиседо погоди за комплетен пресврт и водство на Челси од 2-1.

Се чинеше дека Челси ќе го освои целиот плен, но во 90. минута во игра влезе Фабио Карваљо.

Судбината сакаше три минути подоцна токму овој фудбалер да постигне гол со кој натпреварот ќе заврши 2-2.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×