Фудбалерот на
Реал Мадрид, Дани Карвахал реагираше на идејата да се суспендира фудбалот во
Шпанија, освен првата и втората дивизија, каде натпреварите би се играле без
присуство на публика.
Асоцијацијата на
фудбалери во Шпанија од друга страна се спротистави на одлуката на властите во
таа земја за предвидените мерки, наведувајќи дека фудбалот треба да се
суспендира во една ваква ситуација, односно повикуваат на мерки како оние во
Италија.
Коронавирусот ќе го суспендира и првенството на Шпанија?! Федерацијата свика итен состанок
Како и да е,
куќата на фудбалот во Шанија свика итен состанок на кои ќе присуствуваат и
претставници на „Ла Лига“, односно Асоцијацијата на фудбалери, мерката
суспензија доминира во овие кругови освен во „Ла Лига“, а нема дилеми дека со ист став е воедно и
Карвахал.
„Дали
фудбалерите, тренерите и асистентите во Примера и Сегунда се имуни?“ запраша
десниот бек на Реал Мадрид на социјалните мрежи, реагирајќи на вестите низ
медиумите во Шпанија објавувајќи за мерките кои се на прагот да се реализираат.
Dani Carvajal on Instagram "Are players, coaching staff and assistants of First and Second Division squads immune?" pic.twitter.com/x40TD2cf2x
— The Spanish Football Podcast (@tsf_podcast) March 11, 2020