Карвахал откри кога цели на кам-бек по тешката повреда!

by 24 фудбал
1 минути читање

Искусниот Дани Карвахал одигра перфектна претходна сезона бидејќи со Реал Мадрид ги освои Ла Лига и Лигата на шампионите, а потоа со Шпанија го крена трофејот на Европското првенство.

Сепак, потоа следеше тешка повреда и скинати лигаменти, па и операција. Поради тоа Шпанецот е надвор од терените и нема да игра до крајот на сезоната. Карвахал откри кога цели на кам-бек на терените.

Чувствував дека моето колено е уништено. Тоа беше тешка повреда, ама тоа е ризикот со кој се соочуваме и треба да се живее со него. Ова беше само едно камче од мојот пат. На коленото му е потребно време, ама јас си зададов цел да се вратам за Светското клупско првенство“, откри Карвахал.

Светското клупско првенство на ФИФА за првпат ќе се игра како Мундијал за репрезентации со 32 клуба. Турнирот се игра во САД од 14 јуни до 13 јули.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×