Карвахал морал да го даде специјалниот дрес: Кога Модриќ ќе ти побара…

by bojan
2 минути читање
Карвахал

Дани Карвахал открива дека сакал да го задржи дресот кој го носел против Хрватска како успомен за првиот настап на Европско првенство и прв гол во националниот тим, но кога Лука Модриќ му го побарал, морал да го испочитува колегата од Реал Мадрид.

Можеби звучи чудно, но Дани Карвахал денеска го одигра својот деби натпревар на Европските првенства.

Десниот бек поради повреда ги пропушти континенталните собири во 2016 и 2020, па против Хрватска го имаше првиот настап на ЕВРО.

Фудбалерот на Реал Мадрид беше еден од стрелците, и за него ова беше првиот гол во националниот тим.

Па Дани Карвахал сакал овој специјален дрес да го зачува како успомен, но плановите му се расипале кога Лука Модриќ побарал да ги разменат дресовите.

„Сакав да го зачувам дресот бидејќи ова беше мојот прв гол во националниот тим, но Лука Модриќ ми побара да размени дресови, и кога тој ќе ви побара, мора да размените“ – вели Карвахал за својот колега од Реал Мадрид.

Лука Модриќ, кој исто така размени и дрес со Нико Вилијамс, кратко се осврна на натпреварот: „Чуден меч, не бевме толку лоши како што покажува резултатот, но првите два гола не убија. Потоа и немавме среќа, ништо не ни поаѓаше од рака. Сега ни преостануваат два натпревари да го подобриме впечатокот и ќе се бориме за подобар резултат“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани