912
Искусниот тренер Карло Анчелоти се соочува со потенцијален проблем во Шпанија.
Имено, Италијанецот е обвинет дека притаил данок во висина од повеќе од еден милион евра во 2014 и 2015 година. Нему веќе му е запленет имот за да се врати долгот поради неправилностите, а судењето му е закажано за втори април.
Доколку се испостави дека Анчелоти е виновен, нему му се заканува затворска казна во времетраење од најмногу пет години.
„Тоа е стара приказна. Тие веруваат дека јас бев резидент на Шпанија во 2015 година, а не беше така. Казната тогаш беше платена, а сега се е во рацете на адвокатите. Верувам дека ќе ја докажат мојата невиност“, прокоментира Анчелоти.