Германецот не може глава да крене по финалето од Лигата на шампионите во сезоната 2017/18 кога со две грешки кумуваше на триумфот на Реал Мадрид.
Голманот ја загуби довербата кај Јирген Клоп, тренерот на Ливерпул тогаш искешира рекордни 72,5 милиони евра за да го донесе Алисон а својот сонародник го испрати во Бешикташ на позајмица.
Лорис Кариус никако да си ја врати кариерата на прав пат и редовно е хит на социјалните мрежи со своите потези. Вечерва на отварањето на новата сезона од Лига Европа, тој ја почасти Слован Братислава со гол.
По една долга допка на домаќините, Лорис Кариус непотребно истрча да расчисти, и не само што ја промаши топката, се судри со својот дефанзивец и му овзоможи на Шпорар отворен пат до мрежата.
#karius böyle gol mu yenir arkadaş , klasik #Türk takımları golü yakışmadı #Beşiktaş Getafe nin 1 – 0 öne geçtiği gol pic.twitter.com/uj5FEOuIaa
— Sinan Grayder (@grayder79) September 19, 2019