Кариус е киксер со голема самодоверба, се надева дека пак ќе брани за Ливерпул

by
1 минути читање

Кариус имаше кошмарно финале од Лигата на шампионите против Реал Мадрид во 2018м по што беше пратен на позајмица во Бешикташ.

Ливерпул го купи Алисон од Рома кој се покажа како идеално решение за голманската позиција, а Кариус продолжи да киксира и во Бешикташ.

„Позајмицата ми трае до крајот од сезоната а потоа ќе видиме, дали ќе се вратам во Ливерпул или во некој друг англиски клуб или некаде во Германија, никогаш не се знае. Сега сум фокусиран само на натпреварите за Бешикташ“, вели Кариус.

„Уживам тука. Се разбира ако играте во Англија добивате повеќе внимание, но тука е добро. Премиерлигата е најдобрата лига и можеби повторно ќе бранам за Ливерпул, никогаш не се знае“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×