Ливерпул денес славеше со 2-0 над Вест хем и ја прекина низата од два меча без победа. Сепак, резултатот остана во втор план, а сета фокусираност падна врз Лукас Пакета, кој повторно се поврзува со скандал.
Бразилецот беше исклучен на бизарен начин, поради постојани приговори кон судијата Дарен Енгланд. И покрај тоа што доби почетна опомена и што капитенот Џарод Боувен беше повикан да го смири, Пакета продолжи со реагирање, па арбитарот немаше друг избор освен да му додели втор жолт картон и да го испрати во тунелот во 84. минута.
Дополнителен проблем за играчот е што штотуку се врати од суспензија поради пет жолти картони, па повторно ќе биде надвор од составот, овојпат за дуелот со Манчестер сити.
Ça me fume comment Paqueta ne se cache même plus avec ses à affaires de Paris sportifs mdddr pic.twitter.com/t14hoeh2JZ https://t.co/KTv8qCI1eL
— 𝙏𝙤𝙙𝙞𝙗𝙚𝙖𝙪 🇸🇳 (@La_Melooow) November 30, 2025
Реакциите на социјалните мрежи не изостанаа. Дел од навивачите го преплавија со обвинувања дека „нешто не е чисто“, потсетувајќи дека Пакета веќе беше вмешан во сериозен скандал околу наводно местење преку добивање картони, случај од кој на крајот беше ослободен.
„Ова дефинитивно е местење, нема друга логика“, „Со вакво однесување сам се враќа назад во скандалите“…гласат дел од коментарите на социјалните мрежи.