„Црвено-белите“
од Москва ќе можат да се пофалат дека во свите редови имаат светски шампион.
Спартак денеска го донесе на позајмица Андре Шурле.
Германецот, кој
му асистираше на Геце за победоносниот гол во финалето на СП 2014, има кариера
полна со подеми и падови.
По одличните
настапи во дресот на Баер Леверкузен, го привлече вниманието на Челси и направи
богат трансфер во Лондон. Но откако не се изнаигра на Стемфорд Бриџ, се врати
во Бундеслигата и потпиша за Волфзбург.
Во дресот на
„Волците“ тој одново блесна, па следуваше нов трансфер и стана рекордно
засилување за Борусија Дортмунд откако беа платени 30 милиони евра за неговите
услуги.
Но на Сигнал
Идуна Парк следуваше нов пад во формата, минатата сезона беше пратен на
позајмица во Фулам, со кого испадна од Премиерлигата.
Каква ќе биде
сега неговата авантура во Москва останува да видиме.