Кардиф повторно тагува, почина легенда на клубот

by
1 минути читање

Денеска медиумите
на Островот информираат дека на 35 годишна возраст почина Питер Витингам,
поранешен фудбалер на Кардиф, Астон Вила и Блекбурн.

Клубот повторно тагува откако претходно животот во авионска несреќа го загуби Емилијано Сала, кој штотуку потпиша за тогашниот Премиерлигаш, го загуби животот на пат за Островот од Франција.

Витингам настрада
по повреда на главата во паб во Бери пред помалку од две седмици, а во
полицискиот извештај на Јужен Велс повредата била опишана како „случаен пад“.

Поранешниот
фудбалер од средниот ред кој запиша повеќе од 400 настапи во дресот на Кардиф
помеѓу 2007. и 2017. година, го подигна трофејот во „Чемпионшип“ дивизијата во
2013. година, а имаше учество во две куп финалиња, во ФА Купот 2008., односно
Лига купот во 2012. година.

Витингам е инаку
легенда на Кардиф, а од таму се одзваа со соопштение во врска со смртта на
нивниот поранешен фудбалер, во кое пренесоа дека во клубот имаат неизмерна
количина на тага, со кое во писмото ги известуваат фановите за трагичната вест.

Нашето срце е
скршено, нашата љубов оди кон неговата сопруга, нивниот помлад син и целото
нивно семејство, тие се во нашите мисли, прво и основно, Питер беше фамилијарна
личност, човек со смисла за хумор, човек со голем карактер во себе
“ стои во дел
од писмото на клубот.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×