Maнчестер јунајтед и Бормут вчера одиграа спектакуларен натпревар на „Олд Трафорд“ кој заврши без победник 4-4 во рамките од 16. коло од англисската Премиер лига.
Амад Диало, Касемиро, Бруно Фернандеш и Матеус Куња стрелаа за Јунајтед, додека за домаќините голови постигнаа: Семењо, Еванилсвон, Маркус Таверниер и Ели Жуниор Крупи.
Воодушевен од тоа што се случуваше на теренот беше и поранешниот капитен на Ливерпул, Џејми Карагер.
„Ова беше најдобриот натпревар во сезоната и тоа е она што Премиер лигата ја прави најголема лигаа. Не сакавме натпеварот да заврши, чувствувавме како и судијата да не сакааше“, изјави Карагер за „Скај Спорт“.
Со оваа победа Јунајтед скокнаа на шесттото место на табелата, има 26 бода, исто како и Кристал палас кој е позиција погоре. Бормут е 13-ти со 21 бод.