Карагер дотура сол во раната на Евертон: Лукаку направи прав потег

by
2 минути читање

Напаѓачот имаше
прилика да стане играчот со најголема плата во историјата на „Карамелите“, но реши
да го одбие новиот договор кој го има на маса од Евертон.

Клубот од Гудисон
Парк е разочаран од потегот на Белгијанецот, но Џејми Карагер вели дека
напаѓачот направил прав потег.

„Откако се
сретнав со Ромелу Лукаку пред две недели, тој одеднаш реши да не стави потпис
на нов договор со Евертон, па успешно ја извршив мисијата!
– пишува легендата на Ливерпул,
Џејми Карагер во колумната за Дејли Мејл.

„Се шегувам, но
навистина бев изненаден кога неговиот агент Мино Рајола рече дека 99.9% е завршена
работата за новиот договор
.

„Можам да
разберам зошто Лукаку сака да замине“.

„Не се работи за
пари. Се работи за настап во Лигата на Шампионите и освојување на трофеи и
токму тоа го кажа во интервјуто во четвртокот“.

„На Лукаку треба
да му се честита за искреноста“.

„Тој се гледа
себеси како голгетер на клуб од Лигата на Шампионите и сака да игра во ова
натпреварување“.

„Доколку Евертон
во следните 18 месеци не обезбеди настап во Лигата на Шампионите, за жал
неговата авантура на Гудисон Парк ќе заврши. Можеби ќе замине уште ова лето“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани