Капитенска партија: Бруно Фернандеш со два гола и асистенција ги реши „волците“ (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Манчестер Јунајтед запиша победа на гостувањето кај Вулверхемптон од 1-4 (1-1) во последниот натпревар од 15. коло во англиската Премиер лига.

Капитенот на „црвените ѓаволи“ Бруно Фернандеш беше херој на својот тим. Португалецот го отвори резултатот во 25. минута по асистенција од Матеус Куња (0-1), а пред полувремето „волците“ успеаја да се вратат до егал преку Белегард (1-1).

Сепак, фаворитот релативно лесно си ја заврши задачата во продолжението. Брајан Мбеумо погоди за ново водство на Јунајтед во 51. минута, а единаесет подоцна меѓу стрелците се запиша и Мејсон Маунт по проигрување од Фернандеш.

Пред финишот на средбата португалскиот капитен на тимот на Рубен Аморим го реализира и пеналот кој го добија, па ги постави конечните 1-4 во 82. минута.

Со оваа победа Манчестер Јунајтед фати приклучок со екипите кои се борат за првите четири позиции. Моментално „ѓаволите“ имаат 25 бода на шестата позиција, исто има и Челси едно место погоре, а четвртопласираниот Кристал Палас има 26. Од друга страна Волвс со само два бода е на дното на табелата и веќе е прежален во елитата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×