Капитенот се враќа во Ботев: Грнчаров го напушта Вардар?

by
1 минути читање

Според
информациите кои ги пренесува бугарски „Спортал“, се вели дека вардаровиот
капитен, Бобан Грнчаров е пред враќање во тамошниот прволигаш Ботев од Пловдив.

Наводно договорот
е веќе постигнат уште во Истанбул каде вчера нашиот првак со победата на гости
против Фенербахче во реваншот во плејоф рундата од квалификациите за Лига
Европа, обезбеди историски успех, пласирајќи се во групите во второто по ранг
европско клупско натпреварување.

И покрај влезот
во групите, ништо не се знае, отворен сум за повторна соработка со Ботев, тоа е
клубот во моето срце, сакам да се вратам таму, имам премногу пријатели таму…

кажа Грнчаров.

35 годишниот
дефанзивец во Ботев играше една сезона (2012/13), каде одигра 45 натпревари на
кои постигна и 3 погодоци.

Вреди да се
издвои и дека во јавноста се шпекулира дека веќе е постигнат договор помеѓу Ференцварош
и Вардар околу преселба на еден од клучните фудбалери на „црвено-црните“,
македонскиот репрезентативец Стефан Спировски во Унгарија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани