Капитенот на Вотфорд: Притисок е кога ја гледав мајка ми како работи три работи за да скрпи крај со крај за Божиќ!

by
1 минути читање

Вотфорд оваа
сезона игра под очекувањата, беа променети двајца тренери и клубот е закован на
последното место на табелата. Но надежта за опстанок се врати откако синиќа
„стршлените“ со 2-0 го совладаа Манчестер јунајтед.

Сар го отвори
резултатот по киксот на Де Хеа, а Дини од пенал ја затресе мрежата на „ѓаволите“
за големи три бода.

За капитенот на Вотфорд
ова беше прв гол по април месец, па по крајот на мечот тој беше запрашан дали
чувствувал притисок, по што следуваше искрен одговор.

„Притисок е кога
ја гледав мајка ми како работи три работи за да скрпи крај со крај за Божиќ… Ова е само фудбал. Бев повреден три месеци, тоа е тоа. Продолжуваме да
работиме, никогаш нема да бегам од предизвик. Сакам на сите да им посакам среќен
Божиќ“
– порача Трој Дини, кој имал прилично тешко детство и бил израснат од
самохрана мајка, неговите родителе се разделиле кога тој имал 11 години откако
татко му ги нападнал и истепал него и неговата мајка.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×