1,6K
Капитенот на Вест Хем, Џерод Боуен се здоби со потешка повреда од очекуваното во неделниот пораз од Ливерпул во Премиер лигата.
„Чеканите“ со 0-5 беа декласирани од лидерот на табелата, а згора на тоа останаа и без најдобриот фудбалер. Боуен ја повреди левата нога, па сега клубот преку официјално соопштение откри дека повредата е потешка.
Боуен има фрактура на ногата поради што го очекува пауза од фудбалот. Засега не е познато дали тој ќе мора на операција за санирање скршеницата или ќе се оди со природно заздравување на коската.