Капитенот на Шкотска: Знам дека Жота ме гледа од горе!

by Стефан
1 минути читање

Шкотска со победа од 4:2 над Данска во одлучувачкиот квалификациски дуел за Светското првенство 2026 избори пласман на Мундијалот кој за нив ќе биде прв по 1998 година. Стрелци во големата победа беа: Скoт Мактoминаеј, Лоренс Шанкленд, Киeран Тиерни и Кени Меклин, додека за Данска погодуваа Расмус Холунд и Патрик Доргу.

Победата домашната селекција ја обезбеди во завршницата, прво Тиерни се погрижи за 3-2 во 93. минута ,а потоа Меклин стави точка во осмата минута од судиското продолжение.

Капитенот на шкотската репрезентација и фудбалер на Ливерпул, Енди Робертсон, по мечот емотивно се потсети на својот трагично починат соиграч Диого Жота, кој загина во сообраќајна несреќа пред четири месеци.

„Знаев дека можеби ми е последна шанса да играм на Светско првенство. Не можев да престанам да мислам на мојот пријател Диого Жота. Многу разговаравме за Мундијалот. Двајцата го пропуштивме Катар, а често кажувавме дека би било прекрасно ако заедно играме на еден Мундијал, Знам дека некаде од горе ми се насмевнува“, изјави Робертсон.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×