Во недела следи најголемиот европски дерби помеѓу Реал Мадрид и Барселона, а увод во мечот даде контроверзната изјава на капитенот на „кралскиот клуб“, Дани Карвахал.
Искусниот бек смета дека е нарушена регуларноста на шпанското првенство по одлуката на Ла Лига натпреварот меѓу Виљареал и Барселона да се игра во Мајами. Меѓу другото, тој кратко го најави и „Ел Класико“ следниот викенд.
„Тоа е јасно кршење на правилата. Сите екипи треба да се натпреваруваат под исти услови. Желбата е јасна, сакаме победа. Секогаш е посебно кога играме против најголемиот ривал“, изјави Карвахал за РТВЕ.
Претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас, ја брани одлуката нарекувајќи ја „историски чекор кој го подига шпанскиот фудбал на ново ниво“.