Капитенот на Нигерија, Вилфред Ндиди вети дека тој од сопствен џеб ќе ги плати бонусите доколку тоа не го стори државата, и ги повика соиграчите да се фокусираат на натпреварот против Алжир.
Популарните „Супер орли“ играат фантастично на Купот на Африкански нации, и со партиите кои ги прикажаа до сега, се помеѓу фаворитите за трофејот.
Но во пресрет на четвртфиналето и пресметката со Алжир настана скандал и фудбалерите се заканија дека нема да истрчаат на теренот.
Тие поучени од претходните искуства, дека на играчите никогаш не им се исплаќаат бонусот откако тимот ќе се врати од турнирот, инсистираат веднаш да ги добијат парите за победите против Танзанија, Тунис, Уганда и Мозамбик.
Па за да не ескалираат работите и Нигерија да остане без шанса за трофеј, капитенот Вилфред Ндини покажа како се сака националниот дрес и гарантира дека од сопствен џеб ќе ги плати бонусите доколку тоа не го стори државата.
„Јас сум тој кој цело време го притиска тимот да тренира и да игра против Алжир. Дадов ветување до целиот персонал и играчите дека лично јас ќе ги платам бонусите доколку властите не го сторат тоа до сабота“ – вели Вилфред Ндиди.
ФОТО: X/TotalEnergies AFCON 2025