И Милан и Фиорентина лошо ја почнаа сезоната, утре во меѓусебен дуел ќе се борат за нови бодови.
„Имав понуда од Милан ова лето, но ја одбив затоа што сакав да продолжам да играм за Фиорентина, сакав да го анулираме разочарувањето од минатата сезона. Не сакам моето име да се поврзува со еден тажен период за Фиорентина и фановите“, вели капитенот на виолетовите, Герман Пецела.
„Изненаден сум што Милан е толку долу на табелата, тоа не го отсликува квалитетот на составот. Тие се мачат, но не би го рекол тоа криза“.
„Ние мора да одиме на Сан Сиро со цел да победиме но да останеме верни на нашиот стил на игра, да се забавуваме. Мислам дека Алесио Ромањоли е најдобриот дефанзивец на Италија по Џоџрџо Киелини“.
Големо влијание во играта на Фиорентина сега има и новото засилување Франк Рибери.
„Бев малку скептик кога Франк прв пат влезе во нашата соблекувална, бидејќи освоил толку многу, но тој од првиот ден стана еден од нас. Тој не учи како да бидеме гладни за победа и константно да сакаме да напредуваме. Знае како да победува екипи како Милан. Рибери исто така ја подобри играта на Федерико Киеза со неговите движења, му помогна како да биде на вистинското место во вистинско време“.