Во натпревар
вреден шест бода, Палермо со триумф се враќа од „Чиро Вигорито“. Илија
Несторовски го забележа 12. погодок во Серија Б оваа сезона и го предводеше
својот тим до победа од 1-2 на гостувањето кај „вештерките“.
Кон финишот на
првиот дел, Несторовски доби употреблива топка од Јајало и реализираше за 0-1.
Пушкаш во 81. минута зголеми на 0-2, а Беневенто во 90. минута преку Асенсио
само стигна до почесен гол.
Со оваа победа,
„сицилијанците“ сега имаат 56 бода и се на третата позиција на табелата но
имаат и меч помалку во односна Лече, кој има еден бод повеќе. 57 бода има и
лидерот Бреша, но и натпревар помалку во однос на Палермо, и два во однос на
Лече.
Беневенто по
поразот остана на четвртата позиција со 50 бода.