Фудбалерот од
средниот ред изминатиов период често е споменуван, но во делот од трансфер
шпекулациите. Неговото име се поврзува со богат трансфер во Манчестер јунајтед
и неколку други гиганти од Англија.
Сепак, тој сега
одовно е во фокусот на вниманието поради испад надвор од теренот. Изминатиов
викенд тој се журкал цела вечер, се опијанил и направил сообраќајка.
За работата да
биде уште поголема, Џек Грилиш во саботата вечерта се огласил на социјалните
мрежи за да ги повика своите следбеници да останат дома и на тој начин да
помогнат во борбата со коронавирусот.
„За да помогнете
во спасувањето животи, мора да останете дома. Излезете надвор само за да купите
храна, лекови или да вежбата. И не заборавајте, држете растојани од два метри.
Ова е важно, останате дома и спасете животи“ – гласеше видео пораката од
дваесетина секунди.
Сепак, неколку
часа подоцна, тој заминал кај свој пријател кој живее во предградие на Бирмингем, таму се
задржал до раните утрински часови, а кога тргнал накај дома, со својот Рејнџ
Ровер удрил во два паркирани автомобили.
Брзо се договорил
со сопствениците да ја покрие штетата, но со оглед на тоа дека е познат
фудбалер, веста стана топ тема на социјалните мрежи и медиумите, па полицијата
сега го истражува случајот.