Капитенот е трагичар, Јувентус „си пукаше во нога“ во трката за ЛШ (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Јувентус направи кикс во борбата за место во Лигата на шампионите, откако на домашен терен одигра 1-1 против Сасуоло во 30. коло од Серија А.

„Старата дама“ поведе рано преку Кенан Јилдиз во 14. минута, а таа предност ја задржа до полувремето. Сепак, на стартот на вториот дел Андреа Пинамонти донесе израмнување и го врати Сасуоло во игра.

До крајот Јувентус притискаше и создаваше шанси, а најголемата ја пропушти во 86. минута кога Мануел Локатели не реализираше пенал. Неговиот удар од белата точка беше одбранет од голманот Аријанет Муриќ.

Со ова реми Јувентус останува на петтото место со 54 бода колку што има и Комо, додека Рома е на 51, но двата ривали уште не играле во ова коло.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×