Италијанскиот
фудбалски стратег Фабио Капело верува дека на Интер му е потребен фудбалер на
теренот како Ромелу Лукаку, меѓутоа предупредува дека белгискиот напаѓач не е
шампион, алудирајќи на тоа дека нема победнички менталитет.
Лукаку ова лето
се приклучи на редовите на Интер по трансферот од Манчестер јунајтед, веќе
постигна два гола во исто толку меча во дресот на „Нероаѕурите“, еден од пенал,
еден при грешка на противнички голман, детал кој го посочи и самиот Капело.
„Лукаку е
навистина добар фудбалер, тој работи напорно и прави разлика. Тој е еден од
фудбалерите кои ви се потребни на теренот, меѓутоа, тој не е шампион, веќе
постигна два гола, а еден од нив беше при грешка на голман“ рече Капело, кој
притоа го коментираше Алексис Санчез, фудбалерот на Манчестер јунајтед кој беше
на прагот да се пресели во Интер ова лето.
„Санчез? Тој е
доста квалитетен фудбалер, прави разлика на теренот, но, тоа го прави доколку
сака“ заклучи Италијанецот.