Капело со Рома имаше голем успех, но објасни зошто сега нема да се врати во Рим

by Стефан
1 минути читање

Италијанскиот стратег Фабио Капело ги демантираше најавите дека би можел ова лето да ја преземе клупата на Рома.

Капело во минатото имаше голем успех со овој клуб, меѓутоа како што самиот вели сега не се гледа себеси на клупата на „волчицата“, ниту пак на било која друга.

„Денес во овие години не сакам да бидам тренер. Зборуваат дека сум малку сенилен, имам 78 години и знам дека ми е време за пензија. Се надевам Рома летово ќе донесе вистинска одлука. Со Рим ме поврзуваат многу емоции и знам дека навивачите ме почитуваат, но моето време одамна помина. Навистина сакам италијанскиот фудбал да го видам повторно на врвот“, изјави Капело.

Рома во овој момент е предводена од Клаудио Раниери кој пристигна како привремено решение до крајот на сезоната и бележи солидни резултати. Сепак, планот во Рома е тој на крајот од сезоната да преземе директорска позиција во клубот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани