Капело: Противниците на Реал Мадрид претходно се плашеа од тој клуб поради Роналдо, сега не…

by
1 минути читање

Реал Мадрид оваа
сезона имаше проблеми за да го извлече максимумот од своите офанзивци во поглед
на постигнувањето погодоци, а поранешниот тренер на шпанскиот гигант, Фабио
Капело вели дека причината за таквата ситуација во која се најдоа Кралевите е заминувањето
на Кристијано Роналдо.

Италијанскиот
фудбалски стратег тврди дека противниците на Реал Мадрид претходно изгледале
заплашени во дуелите против Кристијано Роналдо, но, сега во ситуација кога тој
не е во тој клуб, противниците на истиот имаат поинаква слика на теренот.

Секогаш сум
велел дека за да ги победите Реал Мадрид и Барселона потребна ви е почетна
предност од 1-0, можете да ги победите само ако постигнете најмалку два гола

рече Капело за време на светскиот фудбалски конгрес.

Оваа година Реал
Мадрид го нема тоа почетно водство, тие стартуваат со 0-0 како и сите останати
екипи, затоа им е исклучително тешко, сега гледаме што се случува во Јувентус
со Кристијано Роналдо, противничките дефанзивци беа премногу заплашени од него,
сега не се
“ заклучи Италијанецот кој додаде дека враќањето на Зинедин Зидан на
клупата на Реал Мадрид го изненадило, потенцирајќи дека сега тој има многу
поголема моќ како никогаш претходно.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×