Легендарниот Фабио Капело го искритикува однесувањето на Пеп Гвардиола иако и упати низа пофалби за тренерот на Манчестер Сити.
Серијата од порази на Манчестер Сити го промени однесувањето на Пеп Гвардиола кој почна да го губи трпението со дел од новинарите, но за малку ќе се степаше и со навивач на Ливерпул.
„Гвардиола е одличен тренер, тука нема дилеми. Проблемот е што многу е арогантен и на моменти непотребно дрзок. На моменти имам впечаток дека тој сака да освои трофеј повеќе од неговите играчи, изгледа како да сака да му докаже нешто на некој“, вели Капело.
„Во моментов Манчестер Сити не ги бележи добри резултати, а тој наместо да биде горд и цврсто да го води тимот, се однесува како тинејџер кој има проблем да го контролира карактерот. Јасно ми е дека дел од играчите го разочараа оваа сезона, но тоа не значи дека треба така да се однесува“.