Капело не штедеше критики: Во Италија нема квалитетни фудбалери, дербито беше неверојатно досадно

by Стефан
1 минути читање

Eден од најдобрите фудбалски тренери на сите времиња, Фабио Капело испрати критики за големото дерби кое го играа Јувентус и Милан викендов.

Двата големи ривали одиграа натпревар без голови, а Капело кој во кариерата беше тренер и на двата клуба по дуелот зборуваше за квалитетот на италијанскиот фудбал и испрати критики.

„Натпреварот беше неверојатно досадеен, посебно во првото полуврееме. Ниту една екипа немаше храброст да ризикува. Квалитетот на фудбалот во Италија падна, нема големи фудбалери. Болоња проив Пиза победи со 4-0, но тоа е исклучок. Мораш да постигнеш гол, Леао исто така промаши две големи прилики. Едноставно недостасува квалитет“, изјави Капело.

Во својата голема кариера, Капело беше тренер на Милан, Реал Мадрид, Рома и Јувентус, но исто така како селектор ги предводеше репрезентаците на Англија и Русија.

Фото: FIFA/X

Можно е и ова да ти се допаѓа

×