Италијанската фудбалска легенда, Фабио Капело има критики за однесувањето на Тео Ернандез на мечот против Фиорентина.
Иако тој не ги изведува пеналите, Ернандез зема да го шутира првиот пенал на мечот за Милан и промаши. По последниот судиски свиреж влезе во конфликт со судијата и доби црвен картон.
„Тоа што се случи со тие пенали за Милан е неприфатливо. Играчите не може така едноставно да прават што сакаат, тоа не смее да се случува“, вели Капело.
„За мене, улогата на капитен е сериозна работа. Ние видовме дека капитенот, Тео кој треба да ги почитува одлуките на тренерот, сам одлучи дека тој ќе го изведува пеналот“.
„Потоа доби црвен картон по натпреварот. Фудбалерите на Милан не смеат да се однесуваат така. Ако ја носите лентата, вие сте лидер. Се сеќавате ли на Барези и Малдини? Ернандез внесува само негативност во групата“.