„Капата долу за Кристиансен, но најдобрата зделка за Лидс е Македонецот Езгјан Алиоски!“

by
3 минути читање

Под насловот „Капата
долу за Томас Кристиансен.. Ова е најголемото засилување за Лидс подолг период“,
почнува анализата на Адам Симеони за „
Football League World, инаку британски медиум.

Лидс ова лето го
ангажираше Томас Кристиансен, 44 годишниот фудбалски стратег кој на клупата на
англискиот клуб дојде од Кипар, каде претходно ги водеше АПОЕЛ и АЕК Ларнака.
Се чини дека Кристиансен ги надмина сите очекувања, за тоа говори и
моменталната ситуација на табелата во второто по ранг натпреварување во
Англија, Чемпионшип лигата, каде Лидс е моментално на третото место на табелата
со 11 освоени бодови од вкупно пет натпревари, без пораз засега.

Пристигнувањето
на Томас Кристиансен во тимот беше проследено со микс од реакции на фановите на
Лидс, со многу прашања врзани за оваа тема, поточно за непознатиот
тренер за кого ова беше голема прилика да води славен клуб
“ пишува медиумот
притоа додавајќи дека Шпанецот со потекло од Данска одлично си ја врши работата
во клубот, како шеф на стручниот штаб на англискиот чемпионшиплигаш.

Но, истиот медиум
не можеше да го анализира тоа што Лидс го направи изминатите два до три месеци,
а да не го спомене нашиот 25 годишен офанзивец Езгјан Алиоски, кој одлично се
наметна во својот нов клуб каде пристигна летово од редовите на швајцарски
Лугано.

Како и да е,
најдобрата зделка која Лидс ја направи ова лето е Езгјан Алиоски, непознатото
крило од Македонија, кого Кристиансен го пикираше од швајцарскиот мал клуб
Лугано
“ пишува „
Football League World.

Фудбалерот е
феноменален од своето доаѓање, пет пати беше стартер, постигна еден погодок и
реализираше две асистенции во овој краток период
“ додава истиот медиум кој
притоа истакнува дека голот на Алиоски против Нотингем Форест на гости каде
неговиот тим славеше со 0-2, бил неверојатен, а истиот инаку како за
потсетување беше прогласен за гол на неделата во Чемпионшиплигата.

Неговото трчање,
темпото и измамувањето на противничките фудбалери не предизвикуваат крај на
проблемите на противничките одбранбени линии, како тој ќе се усовршува во
првенството, бенефитот на Лидс од него ќе расте. Алиоски лесно може да стигне
до комбинирана бројка од 15 погодоци и асистенции оваа сезона, а тоа нема да
биде лош учинок за Македонецот кој ја игра првата година во Англија
“ завршува
во својот коментар наведениот медиум.

 

Извор: footballleagueworld.co.uk

Фото-вест: Кочо Сотировски (24фудбал, Македонија – Албанија)

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани