Саутемптон изминативе неколку години заработи огромна сума на пари откако
се раздели со неколку играчи.
Најголемиот дел од продажбите беа на Ливерпул, на Енфилд завршија Садио
Мане, Адам Лалана, Дејан Ловрен, Натаниел Клајн и Рики Ламберт.
Саутемптон и Ливерпул сега одново се во преговори за Вирџил ван Дијк и оваа
зделка може да биде врвот на сите трансфери кои ги направија „Светците“.
Во прв момент се говореше дека ќе бидат потребни 50 милиони фунти за ангажман на Холанѓанецот, но последните информации велат дека Саутемптон бара фантастични 75 милиони
фунти за дефанзивец.
Управата на клубот наводно е незадоволна што играчот разговарал со
Ливерпул, и како казна, сакаат „Црвените“ да платат што е можно повеќе.
За услугите на Вирџил ван Дијк интерес пројавуваат уште и Челси и Манчестер
Сити, за кого парите не се проблем, па Саутемптон верува дека лесно ќе добие
помеѓу 65 и 75 милиони фунти доколку трите клуба започнат да наддаваат за репрезентативецот на „Лалињата“.