Македонија и Ерменија често имаат меѓусебни дуели. Ерменците сега се со нов селектор, Жоакин Капарош со кој имаат одлични резултати, квалификациите ги почнаа со три победи од три меча и во Скопје допатуваа како лидери во групата.
„Имам многу големо и убаво мислење за Македонија, знам имате нов селектор, но знам и дека 80 отсто е истиот тим кој играше досега и Македонија добро ја знаеме. Наше е дека треба да дадеме максимум и дека треба да одиграме добар меч, а во фудбалот секогаш ќе има заминувања на селектори, фудбалери, но најважно од сѐ е дека мора да играте постојано на високо ниво“, вели Капарос.
Во составот на Ерменија се враќа ѕвездата на Рома, Мхитарјан.
„Утре ќе се обидеме да играме тимски, а Мхитарјан е еден искусен фудбалер, одличен и многу талентиран, чие присуство дополнително ќе ни помогне да одиграме на високо ниво. Мхитарјан посебно што ќе му помогне на овој тим е да им го пренесе тоа искуство на другите соиграчи и целиот тим“.