Канте со големо изненадување за навивач на Челси (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Во Англија
фудбалот е еден вид на религија, тоа е општо познато, а фудбалерите на Островот
едноставно понекогаш не можат да останат имуни на тој факт, па често знаат да
приредат големи изненадувања до навивачите.

Веројатно членот
на Челси, Н
Голо Канте добро
знае како треба со фудбалските навивачи, тој важи за еден од ретките фудбалери
кој добива пофалби од сите страни, меѓу другото најмногу поради своето
однесување.

Дека Канте е
миленик на многу фудбалски фанови, нема дилеми, а тој уште еднаш ја потврди
својата класа, откако приреди големо изненадување за навивач на Челси, со кого е во пријателски односи, откако
се појави на венчавката на неговата ќерка, се дружеше со гостите, а не беа
избегнати ниту фотографирањата со присутните.

Инаку станува
збор за бизнисменот Франк Калид, тој во изјава за „Сан“ откри дека се запознал
со ѕвездата на Челси во неговиот ресторан во Западен Лондон, а Французинот дури
и го посетил откако овој имал операција на срцето ланската година.

Ние станавме
блиски пријатели, се запознавме преку еден мој пријател, тој дојде во мојот
ресторан „
Chak89, го поканив на венчавката на мојата ќерка,
но, најпрво немаше можност да присуствува поради репрезентативните обврски,
меѓутоа поради тоа што се здоби со повреда, ми потврди дека ќе присуствува,
моето семејство и јас лично сме многу блиски со Канте, тој беше еден од првите
луѓе кои ме посетија кога имав операција во април ланската година
“ изјави Калид
додавајќи дека Канте останал до крајот на венчавката, а им делел и автограми на
гостите, како и се фотографирал со нив.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×