27
Се чинеше дека пропадна трансферот на Нголо Канте во Фенербахче, но тој ќе се случи откако фудбалерот го раскина договорот со Ал Итихад и како слободен играч се сели во турскиот клуб.
Доцна синоќа Ал Итихад потврди дека е раскинат договорот со Канте, а тоа значи дека францускиот фудбалер ќе стави потпис на договор со Фенербахче.
Во спротивен правец ќе замине Ен Несири за кого Фенербахче ќе добие окол 14-15 милиони евра.