Канте бил убедуван од репрезентативни колеги да потпише за ПСЖ

by
1 минути читање

Неколкумина
репрезентативци на светскиот првак Франција, лобирале нивниот соиграч од таа
селекција, Н
Голо Канте да се
пресели во тимот на Париз Сент Жермен, „Лекип“ пишува дека тоа се Килијан
Мбапе, Преснел Кимпембе и Алфонс Ареола, кои ја презеле таа одговорност, откако
францускиот првак остана без услугите на Тијаго Мота и беше потребна негова
замена.

Канте потпиша за
Челси пред две сезони за 38 милиони евра, освои титула во Премиерлигата уште во
првата сезона, а исто ја доби и наградата за играч на годината.
Во новата сезона
доби и нов тренер на кормилото на тимот од Лондон во Маурисио Сари, под чие
водство засега одигра пет натпревари а притоа постигна и еден гол.

Играчот од
средниот ред беше еден од најзаслужните за освојувањето на светската титула од
Мундијалот во Русија ова лето.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×