Канаваро е Наполитанец, таму ја почна и кариерата од каде по три години играње во 1995 се пресели во Парма, а играше уште и за Интер, Јувентус и Реал Мадрид.
Тој сонува да се врати во својот роден град и да биде тренер на Наполи.
„Пред пет години станав тренер и сонувам еден ден да тренирам голем клуб, а Наполи е еден од тие. Имав среќа да ме тренираат најдобрите тренери и се надевам дека по нешто сум научил од секој од нив“, вели Канаваро.
„Денот кога ќе одлучам да се вратам во Европа, се надевам дека ќе бидам подготвен. Отсекогаш ми недостасувал Неапол, го напуштив на 21 година, но останав многу близок“.
„Живеев во многу градови во светот, но ќе завршам во Неапол, од дете сонував да станам симбол на тимот“.