Канаваро: И јас би му свиркал на Игуаин

by
1 минути читање

Фабио Канаваро е дете на Наполи, потекнува од нивната школа, таму ја почна и професионалната кариера. И тој како и Игуаин го облече дресот на Јувентус, па како олеснителна околност може да му се земе само тоа што не направи директен трансфер во лутиот ривал.

Изминатиот викенд Игуаин за прв пат дојде на Сан Паоло во дрес на Јуве и сосема очекувано доби свирежи. 

„На навивачите не им се допадна начинот на кој Игуаин замина од клубот, тоа го направи преку ноќ без да им каже збогум на соиграчите и тренерот“ – вели Канаваро.

„Јувентус го купи со тоа што ја активираше клаузулата од неговиот договор, даде многу пари“.

„Дали како фан на Наполи и јас би му свирел? Се разбира. Но тоа што му свирите толку многу, значи дека тој оставил многу љубов зад себе. Па разделбата е болна“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани