Младата фудбалска репрезентација на Македонија за играчи до
21 година со пораз од 3-0 на гостувањето кај соодветната селекција на Франција
ги стартуваше квалификациите за Европското првенство.
Денеска со почеток од 16 часот на стадионот „Билјанини
извори“ во Охрид, избраниците на Драган Канатларовски ќе ги одмерат силите со
Србија која пак на свој терен загуби минимално со 0-1 од Украина.
„Максимално
сме фокусирани на дуелот со Србија. Момците се подготвени, работевме напорно
овие неколку денови во Охрид, со цел подобро да огиграме на овој меч со Србија.
Извлековме голема поука од натпреварот со Франција. Нема да ги повториме истите
грешки. Фудбалерите се свесни дека одигравме лош натпревар и оттаму желбата за
докажување на денешниот меч е голема“ изјави Канатларовски.
„Дуелот со Србија ќе биде многу
поразличен од нашиот прв со Франција во овие квалификации. Атмосферата е
одлична и се надевам дека ќе ја израдуваме фудбалската јавност“ додаде тој.