Канатларовски дополнително повика по еден играч од Шкупи и Борец

by
1 минути читање

Селекторот на
младинската репрезентација Драги Канатларовски се соочува со одредени проблеми
во тимот во пресрет на натпреварите против Франција (2 септември) во Ле Ман,
односно Србија (7 септември) во Охрид на „Билјанини Извори“.

На редовните
клупски тестирања за ковид-19, позитивни резултати добија Марио Младеновски од
Ботев Пловдив, односно Адриан Хајдари од Рапид Виена, па обајцата ќе мораат во
самоизолација, а мошне веројатно е дека нема да бидат во комбинација за пресметките
со Франција и Србија.

По тој повод,
Канатларовски се реши во тимот да ги повика Александар Ѓуркоски од Шкупи, како
и Ѓорѓе Јанкулов од Борец во пресрет на официјалниот собир на репрезентацијата
закажан за 29 август во Скопје.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×