Канада само ја налути Хрватска, убедлива победа за „коцкестите“ (ВИДЕО)

by
2 минути читање

Натпреварот почна шокантно за Хрватска, по само 68 секунди игра Дејвис донесе водство за Канада од 1-0. Тоа беше прв погодок за Канаѓаните на Светските првенства.

Но, Хрватска брзо се созема, во 36. минута Крамариќ по асистенција од Перишиќ постигна гол за израмнување на 1-1.

Само осум минути подоцна Ливаја постигна гол за комплетен пресврт и водство на Хрватска од 2-1, со тој резултат се замина на полувремето.

Во 70. минута Крмариќ постигна уште еден гол, зголеми на 3-1 и веќе беше јасно кој ќе биде победникот на овој натпревар.

Во судиското продолжение, по една контра, Мислав Оршиќ несебично додаде до Мајер, а тој погоди за конечни 4-1.

По две одиграни кола Хрватска и Мароко имаат по четири бода, Белгија има три, Канада е без бодови и ги загуби сите шанси за осминафинале.

Во последното коло Хрватска игра против Белгија и доволен им е бод да се пласираат понатаму, Мароко игра со Канада.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани