Камарда: Кога дадов гол беше најубавото чувство во светот, но потоа…

by bojan
2 минути читање
Камарда

Младиот напаѓач на Милан, Франческо Камарда го опиша дебито во Лигата на шампиони како најдобриот ден во неговит живот, но разочаран е што ВАР си поигра со него и му го поништи голот.

Поради повредата на Таби Абрахам и тоа што Лука Јовиќ не е пријавен за настап во Лигата на шампиони, 16 годишниот Франческо Камарда доби повик за дуелот против Клуб Бриж во Лигата на шампиони.

При резултат 3-1, младото момче доби шанса да истрча на теренот во 72. минута од мечот и во финишот, успеа да се запише во листата на стрелци, и почна лудо да слави. Но судбината си поигра, ВАР замеша прсти, голот беше поништен па напаѓачот на крајот заврши со солзи во очите.

„Кога дадов гол беше најубавото чувство во мојот живот, но потоа ВАР си поигра со мене. Многу сум разочаран од ваквиот расплет, но ова се случува, особено во денешниот фудбал“ – вели Камарда.

Доколку голот важеше, Франческо Камарда ќе станеше најмладиот стрелец во историјата на Лигата на шампионите, за жал тој на крајот мораше да се задоволи со еден дург рекорд – најмлад италијански фудбалер со настап во Лигата на шампиони со 16 години и 226 дена.

„Рекордот ме прави горд и ме притиска да дадам уште повеќе, да забележам прогрес и се повеќе да ми се случуваат вакви вечери“.

„Ова е најдобриот ден во мојот живот, не можам да најдам зборови да ви опишам што чувствувам“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани